Малолетници тешко повредени во несреќа со мопед во Битола

Малолетник кој управувал со мопед и малолетна сопатничка се здобија со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што се случи во Битола.

Од СВР-Битола информираат дека несреќата се случила ноќта во вторникот на улицата „Ружа Делчева“ во Битола, кога мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетен битолчанец, удрил во пешакот Б.В. на 70 години од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата малолетна сопатничка, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.