Малолетници завршија во Градска

61

Во текот на вчерашниот ден околу 22 часот во скопско Кондово, се случила тепачка по која неколку лица биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Имено, Ф.А. (17) од Кондово, физички ги нападнал М.А.(17) и Ф.Р.(16) исто така од Кондово.

Од нападот, М.А. се здобил со телесна повреда, а Ф.Р. со тешка телесна повреда и на истите им била укажана лекарска помош во ГОБ “8-ми Септември“-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.