Малолетничка и малолетник повредени во сообраќајни инциденти

Единаесетгодишно девојче е удрено со автомобил во Битола додека возела велосипед, а во вторникот во полицијата е пријавено дека повозрасен малолетник кој управувал мотоцикл дека е тешко повреден во судир со патничко возило во тетовско.

Во вторникот вечерта околу 19,25 часот на крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, 24-годишниот битолчанец М.А. Битола, управувајќи автомобил „форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Речиси еден час претходно, околу 18,15 часот на регионален пат Јегуновце – Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода меѓу патничко возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Р.М. од село Голема Речица и мотоцикл „јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.