Малолетничка возела мотор, две девојки повредени

На  08.06.2019 во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од с.Кадино Село и с.Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „Херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од с.Кадино Село и мопед „Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од с.Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.