Малолетник од Авганистан лежел покрај пат со прострелна рана во ногата

Вчера околу 18.30 часот во СВР-Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Табановце имало лице кое лежи покрај патот, наведено е во полицискиот билтен.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде што му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во билтенот на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.