Малолетник ограбен во автобус

Малолетно момче е нападнато вчера во автобус со број 22 на Партизанска. Од момчето биле  одземени еден мобилен телефон марка „алкател“, еден рачен часовник марка ,,сеико“, 25 денари и една машка јакна.

Сторителот разбојништвото го извршил на  тој  начин што му пришол на детето додека се возело со автобус, без повод и причина му го земал телефонот од рака, му рекол да слезе од автобусот ако сака да му го врати истиот. Кога се симнале од автобусот,сторителот му ги зел часовникот, парите и ташната, по што се упатил во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу  50.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно  расчистување на случајот.