Малолетник претепан во автобус

Малолетник од скопско во средата бил претепан во автобус.

На 25.10.2017 година во 19:35 часот од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив дошол 15 годишен малолетник (од с.Никиштани-Скопје) ученик од Средно училиште “Цветан Димов“со повреди здобиени од физички напад кој се случил на бул. „Партизански Одреди“ во автобус бр.22, информираат од МВР.

Оштетениот во автобусот бил нападнат од повеќе ученици. Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.