Малолетник силувал девојче

Малолетник од село во Светиниколско е осомничен дека силувал девојче, информираше МВР.

Случајот бил пријавен вчера во Полициската станица Свети Николе.

Според пријавата, истиот ден околу 3 часот во куќа во селото 17-годишник обљубил 13-годишно девојче. По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен  тим и родител, бил извршен разговор со девојчето.

По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.