Малолетник силуван од врсници

Малолетно лице во Струмица било  силувано од двајца врсници, но поради срам половиот напад го пријавило по месец и половина, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Изминатата ноќ во 01:00 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на 18-ти мај годинава во попладневните часови бил извршен полов напад на малолетно лице од страна на други двајца малолетници, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.