Малолетник со нож нападнал момче во Батинци

Вчера околу 12,00 часот било пријавено дека во село Батинци, скопско на улица “1“ во плац од фирма каде што орагнизирано се вршел ископ и чистење на реката со преставник од Општината, од страна на 17 годишно лице бил физички нападнат 28- годишниот Ј.Б.

Имено лицето го бутнало оштетениот, а откако Ј.Б. станал, малолетникот извадил нож и замавнал кон пријавителот и му ја скинал јакната, а потоа го удрил еднаш во пределот на носот и го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Од физичкиот напад Ј.Б. се здобил со видлива повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.