Малолетник со остар предемет повредил друг малолетник во Батинци

Малолетник синоќа е повреден од друг малолетник со остар предмет во скопското село Батинци.

Инцидентот, како што соопштуваат попладнево од МВР, се случил во близина на џамијата во селото, по што повреденото момче бил пренесено во општата градска болница Свети Наум Охридски. Од таму за Канал 5 велат дека малолетникот имал повреда на ногата и е опериран. Тој е задржан на лекување и е во стабилна состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.