Малолетник тешко повреден, со мотоцикл направил сообраќајка

На 07.08.2021 во 21:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Матејче, општина Липково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, управувано од Ј.С.(57) од с.Отља, општина Липково и мотоцикл „геели ЈЛ 150“, управуван од малолетник од с.Липково, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.