Малолетник украл 10.000 евра од својот татко

Четиринаесетгодишно момче од Кратово, украло околу 10.000 евра од паричникот на неговиот татко, од куќа која била негова сопственост, соопшти денеска СВР Куманово.

– Малолетникот во периодот од 26 април до 1 мај годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа во Кратово, сопственост на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра. Средствата кои ги украл биле во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари, се вели во соопштението.

Кражбата во Полициската станица Кратово, ја пријавил неговиот татко. По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека неговиот 14 одишен син ги одзел парите.