Малолетниот масовен убиец од Белград продолжува со наставата

Коста Кецмановиќ малолетникот кој го изврши масакрот во основното училиште во Белград, почнал настава преку Интернет од посебна просторија на Клиниката за неврологија и психијатрија на деца и млади. Од кога „се вратил на училиште“, како што неофицијално дознава порталот Republika.rs, Коста се интересирал за натпревари.

„На Коста му предаваат вработени од основното училиште ‘Д-р Драган Херког’, а сега го интересира дали би можел да продолжи да се натпреварува по предметите по кои претходно се натпреварувал“, неофицијално дознава порталот од извор запознаен со случајот.

Коста отсекогаш бил амбициозен ученик и се натпреварувал по бројни предмети. Неговите родители дури го нарекле „мал генијалец“, бидејќи неговите интереси беа многу различни.

„Сѐ уште се однесува како образованието да е најважното нешто на светот. Не го спомнува масакрот и убиените деца, туку постојано се грижи за својата иднина во форма на образование“, вели изворот.

Според добро упатен извор од клиниката, на Коста Кецмановиќ му е обезбедена просторија во која има се што му е потребно за да ја следи наставата онлајн и засега се се одвива според планот.

„Од самиот почеток беше јасно дека Коста нема да може да оди на училиште и да ја напушти институцијата каде што е моментално. Поради целата ситуација, не беше прифатливо ниту професорите да дојдат кај него, а одлучено е тој да добие просторија во рамките на клиниката од која ќе ја следи наставата. Наставниот кадар од ОУ „Д-р Драган Херцог“ во Белград му одржува онлајн часови и досега се покажа како добро“, изјавил извор за порталот Republika.rs на почетокот на овој месец и додаде:

„Обезбедена му е технологија, со која ги следи часовите, а оценките, колку што знам, сѐ уште не се почнати. Дури и самите професори на почетокот се чувствуваа чудно, имаа одредено двоумење затоа што мораат да научат ученик кој пред неколку месеци ги убил другарите, училишниот чувар и извршил страшен масакр, но сепак, засега сè оди како што треба“, се додава.

Кецмановиќ по масакрот во основното училипте „Владимир Рибникар“ во централната белградска општина Врачар е сместен на Клиниката за неврологија и психијатрија на деца и младинци за проверка на неговите психофизички способности. Засега не е завршено вештачењето за неговата здравствена состојба откако уби девет ученици и училишен чувар. Но, бидејќи е оценето дека е потребно да заврши основно училиште, наставата што ја посетува му е организирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.