Малтешки бизнисмен обвини поранешен висок функционер за убиството на новинарката

Познат малтешки деловен човек изјавил за тамошната полција дека поранешниот шеф на владиниот кабинет Кит Шембри го организирал убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, изјавиле за медиуми во четвртокот две лица запознати со истрагата.

Кит Шембри е уапсен во вторникот во врска со споменатиот атентат врз новинарката, откако поднесе оставка. Тој не давал никакви изјави, но претходно повеќепати негираше каква и да е поврзаност со убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција која пишувала за корупција којашто досега до малтешката влада.

Адвокатите на Шембри не биле достапни за коментар во четвртокот, наведува Reuters.

Малтешкиот премиер Џозеф Мускат, кој е инаку близок пријател на Шембри, за новинарите изјавил дека се надева оти острагата ќе биде заклучена во „следните неколку часа“.

Двегодишната истрага драматично се забрза на почетокот од ноември откако беа откриени нови докази, што доведе до минатонеделното апсење на претприемачот Јорген Фенех, кој бил запрен, како што им изгледало на иследниците, додека се обидувал да побегне од Малта со неговата луксузна јахта.

Според полициски и правосудни извори запознаети со истрагата, Генех бара имунитет во замена за сведочење кое би го поврзало Шембри со случајот и би ја открило широката корупциска шема на Малта во којашто се вмешани и политичари на високи позиции.

Каруана Галиција, убиена во експлозија на автомобил-бомба во ктомври 2017 година, на својот блог ги обвинуваше малтешките пполитичари за корупција, вклучително и две од три лица кои во вторникот поднесоа оставки. По Шембри оставка поднесе и министерот за туризам Конрад Мизи, а својата должноста ја замрзна и министерот за економија Крис Кардона.