Малтешкиот министер за правда се допишувал со обвинетиот за убиството на новинарката Галиција

Едвард Замит Луис (лево) и Јорген Фенех се допишувале во текот на 2019 година, дури и откако бизнисменот бил избран за сопственик на некогаш тајната оф-шор компанија „17 Black“

Малтешкиот министер за правда Едвард Замит Луис разменил стотици пораки преку апликацијата WhatsApp со бизнисменот Јорген Фенех осомничен дека стои зад убиството на новинарката Дафне Карауна Галиција, пренесуваат во вторникот локалните медиуми.

Весникот Times of Malta пишува дека Луис и Фенех размениле повеќе од 700 пораки во периодот меѓу јануари и октомври минатата 2019 година. Фенех, богат и влијателен малтешки бизнисмен, беше упасен во ноември 2019-та пред да ја напушти земјата и е обвинет дека учествувал во атентатот на новинарката Каруана Галиција.

Министерот не негирал дека се допишувал со Фенех, но истакнал дека ги прекинал контактите со бизнисменот „долго пред“ тој да биде уапсен.

Медиумите потсетуваат дека министерот Замит Луис во јули годинава изјави дека „не постои однос“ меѓу него и Фенех, но призна дека го познава. „Живееме во мала држава, секој секого познава“, изјави тогаш министерот за правда на Малта.

Замит Луис во јули 2019 година се врати во владата како министер за еднаквост, а министер за правосудство стана во јануари годинава.

Преписката меѓу двајцата водена преку апликацијата WhatsApp, на судот ќе му бидат претставени во октомври. Фенех во полицијата изјавил дека имал и WhatsApp група со поранешниот премиерот Џозеф Мускат и со шефот на неговиот кабинет Кит Шамбери. Бизнисменот тврди дека зад убистовото стои всушност Шампбеи, а дека Мускат знаел за обидот за прикривање на ова злосторство.

Истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција пишуваше на својот блог за корупцијата во врвовите на малтешките власти, а истржуваше и во познатот случај „Panama Papers“ со која беше откриено високо ниво на даночни измами во светот, но беше брзо забошотена и во водечките светски медиуми.

Ресурсот Politico ја нарече Каруана Галиција „Викиликс во една личност“, а најзиниот син Метју Каруан Галиција неодамна во изјава за црногорските медиуми изјави дека убиената новинарка го истражувала и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Дафне Каруана Галиција беше убиена во октомври 2017 година со бомба поставена на нејзиниот автомобил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.