Мамиќ приведен во Меѓугорје

Поранешниот директор на фудбалскиот клуб „ Динамо“ од Загреб, Здравко Мамиќ е привреден денеска во Меѓугорје од страна на припадниците на државната полициска агенција за истрага и заштита на БиХ, а по меѓународна потерница издадена од Хрватска.

Полицијата го лиши од слобода Зоран Мамиќ. Тој во текот на денот ќе биде предаден на судот на БиХ за понатамошна обработка на неговиот случај, велат полициските органи на БиХ.

Според процедурата, судот треба да утврди дали Мамиќ поседува државјанство на БиХ и дали сака да биде предаден на хрватските судски органи. Адвокатот на Мамиќ истакна дека тој не е ниту приведен ниту уапсен, туку само на службен разговор согласно Законот за меѓународна и привремена заштита.

Мамиќ, еден од најмоќните и најконтроверзни луѓе во хрватскиот фудбал, е осуден на шест и пол години затвор за извлекување на 16 милиони евра од „Динамо“ , со што ја оштетил државата за речиси два милиони евра. Извлекувањето на парите се одвивало преку трансферите на фудбалерите на „Динамо“, како Лука Модриќ, Дејан Ловрен кои сведочеа на судењето, но дадоа контроверзни изјави во полза на Мамиќ. Покрај затворската казна Мамиќ на државата ќе треба да и врати 8 милиони евра поради затајување данок и нелегални трансфери. Неговиот имот е запленет.