Мамиќ: Ќе поднесам оставка, а Динамо (З) ќе биде во големи проблеми

Најзаслужниот за одличната финансиска состојба во клубот и за сите осумте во низа шампионски титули во хрватската Прва лига, извршниот директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, потврди дека се повлекува од престижната функција затоа што не сака Динамо (З) да биде заложник на навивачите.

„Заминувам од Динамо, немам друг избор. Нема да дозволам Динамо да биде заложник на навивачите. Цела држава е во лов само на еден човек, Здравко Мамиќ. Сакаат да ме ликвидираат, да исчезнам, место да ме пофалат за тоа што го направив. Претходно не сакав да заминам, но сега размислувам, но потоа Динамо нека размислува како ќе продолжи. Ниту една европска држава не сака да не прими за подготовки и пријателски средби. Сите стравуваат од навивачи, а за нив лек нема“, изјави Мамиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.