„Мамо, некој сака да ме убие“: Неколку дена по оваа панична изјава, девојка пронајдена мртва во ковчег

81

Неколку дена пред нејзиното тело да биде пронајдено во ковчег покрај патот во Конектикат во Америка, Валери Рејес панично и се јавила на мајка си тврдејќи дека некој сака да ја убие.

Беше многу исплашена, звучеше многу исплашено, рече нејзината мајка Норма Санчез.

Не кажала од кого се плаши.

Валери (24) веќе некое време живеела во Њујорк, но неодамна станала многу вознемирена.

И рекла на мајката си дека некој се обидува да ја убие, но не споменала точно од што се плаши.

Група работници која работи на одржување на автопатот на 5 февруари го пронајде нејзиното тело во црвен ковчег. Ковчегот се наоѓал близу патот во градот Гринвич во Конектикат, оддалечен околу 22 километри од нејзиниот стан.

Полицијата спроведе истрага.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.