МАН: Новинарите професионално да известуваат од протестите

79

Македонската асоцијација на новинари апелира новинарите професионално да известуваат од протестите закажани за утре(11.07) во Скопје.

Македонската асоцијација на новинари потенцира дека новинарите треба да известуваат согласно професионалните стандарди. При известувањето не смее да се толерира било каков вид на верска и етничка нетрпеливост.

Надлежните институции се должни да обезбедат услови екипите на медиумите да известуваат од настанот.

И Здружението на новинари упати апел медиумите и новинарите професионално да известуваат од протестите, согласно Етичкиот кодекс на новинарите.

„ЗНМ потсетува дека професионалните стандарди и етика налагаат новинарите да пренесуваат точни и проверени информации и треба да застанат во одбрана на човековите права, достоинството и слободата. Медиумите во демократски општества имаат важна улога за јакнењето на правната држава и за контролата на власта.

Кога новинарите известуваат од судски постапки, согласно Кодексот, тие мора да бидат ослободени од сензационализам и треба да го почитуваат принципот на пресумпција на невиност, да известуваат за сите инволвирани страни во спорот и да не сугерираат пресуда.Новинарскиот кодекс на етика инсистира новинарите свесно да не создаваат ниту да преработуваат информации што ги загрозуваат човековите права и слободи, да не говорат со јазикот на омраза и да не поттикнуваат насилство и дискриминација по која било основа.ЗНМ, посебно апелира до колегите со личен пример да го чуваат достоинството на новинарството  и да поттикнат взаемна солидарност и да не ги користат медиумите за меѓусебна пресметка,“ се вели во апелот на ЗНМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.