МАН остро се противи и ги осудува заканите кон новинари

Македонската асоцијација на новинари (МАН)  остро се противи и ги осудува заканите кон новинари  и тоа во случај кога се пренесува официјална информација од Министерството за внатрешни работи.

-Станува збор за известувањето во врска со акција на МВР за гонење група која што вршела нелегална трговија со дрога која беше извршена деновиве, а следеа закани кон новинари од членови на семејство на приведените. МАН реагира воопшто на заканите кон новинари и медиуми од политички партии во опозиција и од нивни функционери, стои во соопштението на МАН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.