МАН: Осуда на заканите по живот кон новинарите на Курир, МВР и обвинителството да го приведат заканувачот

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по живот, закани со насилство, навреди и клевети упатени кон новинарите на редакцијата Курир директно преку социјалните мрежи.

– Ги повикуваме МВР и ОЈО да ги преземат сите мерки против лицето кое се заканува по живот и да ги заштитат новинарите од вакви и слични закани, напади, навреди. Се работи за јавно објавени закани и ги повикуваме надлежните веднаш да реагираат. Истовремено, ги повикуваме политичките партии да се оградат од ваквите насилници и заканувачи и да ги осудат заканите.

Инаку, редакцијата на КУРИР повторно е мета на грозоморни закани. Досега ниту еден ваков случај не е разрешен иако за тоа имавме поднесено пријава во полиција, а на средби ги информиравме и претставниците на ЕУ и американската амбасада во Скопје.

Со оглед на ова, ги пренесуваме јавно заканите кои ги добиваме од лицето кое насвојот Фејсбук профил е потпишан како Триамира Николов.

Освен на вработените во КУРИР, овој човек, посакува смрт и на нашите родители и на нашите деца!

Ваквата тортура мора да престане, а надлежните бараме ИТНО и КОНЕЧНО да реагираат!

Бараме сите надлежни институции, МВР, здруженијата на новинари, Хелсиншкиот комитет и меѓународните претставници соодветно да реагираат.

Ја прашуваме и власта: Дали е ова слободата на медиуми, заштитата на новинарите и демократијата за која со години од опозиција зборуваше?