5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Манџукиќ денес станува росонер

Манџикиќ синоќа пристигна во Милано каде во текот на денот ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договор со Милан.

Хрватскиот напаѓач синоќа со приватен авион пристигна во Милано каде беше пречекан од италијанските новинари и експедицијата на Милан.

Поранешниот играч на Јуве, веднаш се упати во хотел да одмори пред денешните медицински тестови.

Тој во Милан потпишува како слободен играч по заминувањето од Ал Духаил во Катар.

Се очекува Манџукиќ да потпише шестмесечен договор со Милан со опција да биде продолжен за уште една сезона.

Продолжувањето ќе се активира како обврска за Милан доколку клубот се пласира во Лигата на шампионите.

Раководството на Милан утврди дека им е потребен напаѓач откако подолго време остана без Ибрахимовиќ поради повреда.