Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборната кампања на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, се согласил според документите од судот во кои имала увид агенцијата Reuters да ја признае вината за две точки од обвинението во рамките на договорот со специјалниот обвинител Роберт Мјулер.
Во рамките на договорот, 69-годишниот Пол Манафорт би можел да се обврзе да соработува во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводната улога на Русија во американските претседателски избори од 2016 година, односно дали кампањата на претседателот Доналд Трамп, се договорала со Москва. Сепак, обвиненијата кои се поднесени против Манафорт не се однесуваат директно на оваа истрага.
Манафорт ќе призане вина по една точка од обвинението за заговор против САД и една за заговор поради попречување на правдата, според документите од судот во Вашингтон. Во новиот судски поднесок додадени се уште пет нови точки од обвинениет. Судот во Вирџинија во август го осуди Манафорт за банкарски и даночни измами.
Одлуката на Манафорт може да претставува удар за Трамп, кој минатиот месец го фалеше својот поранешен помошник затоа што не се договори со обвинетилите, како што тоа го стори поранешниот личен адвокат на претседателот, Мајкл Коен. Трамп на Twitter на 22-ри август напиша „За разлика од Мајкл Коен, тој оди да изнесе измислени приказни за да се договори. Големо почпитување за храбриот човек.
Според судските документи, промената во обвиненијата за заговор повторно вкулува перење пари, даночна измама, непријавени сметки во странски банки и работа како нерегистриран лобист за политичари од Украина во периодот до 2014 година. Втората точак од обвинението, таа за попречување на правдата, се однесува на наводни обиди да се влијае врз сведоци поврзани со неговото лобирање.
Сите компании или индивидуи кои застапуваат некоја странска земја или организација мораат редовно да ги извстуваат американските власти за врските со таа држава или установа, што е закон од пред повее децении. Меѓутоа, кога Русија пред две години носеше сличен закон според кој компании, организации или лица кои примаат пари од странство мора да се регистрираат како „странски агенти“, како и во САД, и транспарентно да ги објавуваат средствата кои ги добиваат, Вашингтон ја обвини за кршење на слободите.