Манасков даде десет гола за 40 минути!

Тимот на Веспрем по фантастичната победа над Алборг во Лигата на шампионите, одигра уште еден добар натпревар.

Унгарскиот гигант славеше над Дабас со 44-29, а најдобар на теренот беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Тој постигна десет погодоци од 11 обиди за четириесетина минути помина на теренот во „Веспрем Арена“.

Веспрем е блиску да го освои првото место на табелата во регуларниот дел од унгарското првенство, а со тоа да ја има предноста на домашен терен во плеј-офот за титулата со ПИК Сегед.