Манасков ги демантира шпекулациите дека се сели во Динамо Букурешт

Веќе од поодамна е познато дека Дејан Манасков, еден од најдобрите македонски ракометари, по крајот на оваа сезона ќе го напушти тимот на Веспрем, но сè уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Во претходниот период се појавија бројни шпекулации за неговата иднина, но самиот ракометар експресно ги демантираше. Прво се пишуваше дека ќе биде наследник на Дибиров во Вардар, а денес, романските медиуми пишуваат дека Манасков е во преговори со Динамо Букурешт.

Сепак, и оваа информација е неточна, откако македонскиот ракометар го потврди тоа на социјалните мрежи. Пред извесен период десното крило откри дека сигурно ја напушта Унгарија и нема да се врати во Македонија, но не ја откри неговата следна дестинација. Во меѓувреме се споменува дека во игра се неколку клуба, но да оставиме времето да покаже каде ќе ја продолжи кариерата.

Во својата кариера Дејан Манасков играше за Металург, Вардар, Вецлар и Рајн Некар Левен пред Веспрем.