Манаус прв со колективен имунитет?

Бразилскиот град Манаус, кој е застрашувачки погоден од пандемијата на коронавирусот, можеби имал толкав голем број заразени зашто неговите жители изградиле „колективен имунитет“, се наведува во прелиминарната студија објавена на медицинскиот портал medRxiv.

Во текот на мај вирусот толку брзо се ширеше во Манаус, најголемиот град во бразилската сојузна драва Амазонија, што извештаите од пренатрупаните болници беа драматични, а бројот на погреби се зголемил за пет пати во однос на истиот период минатата година. Но набрзо следеше рапиден и необјаснив пад на бројот на заразените и починатите.

Група до дваесетина научници од Бразил и од Велика Британија сега тврдат дека утврдиле зошто тоа било така: вирусот останал без домаќин.

Во студијата која сѐ уште не ја минала рецензијата на други научници, групата која ја водела Естер Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитот Сао Паоло, анализирала примероци од градската банка на крв и ги тестирала на антитела на коронавирусот. Според нивната процена, од првиот случај на коронаинфекција во март биле заразени меѓу 44 и 66 отсто од жителите на Манаус.

Тоа би можело да биде доволно во градот со 1,8 милиони жители да се создаде ткн „имунитет на стадото“. Необично високата стапка на инфекцијата упатува на тоа дека колективниот имунитет имал значителна улога во подоцнежната фаза на епидемијата, пишуваат научниците.

„Сите показатели укажуваат на тоа дека толку високата стапка на изложеност на вирусот го намалила бројот нови случаи на заразата и смртни случаи во Манаус“, вели Сабино која го координирала истражувањето.

Во текот на пикот на епидемијата во мај од Манасу пристигнуваа драматични сцени од пренатрпуаните болници, од копањата масовни гробници и тела кои се натрупаваа во мртовечниците. Во тој период дневно во градот умираа по малку помалку од 80 луѓе. Тој просек остро падна последните седмици, на 3,5 смртни случаи на дневно ниво.

Меѓутоа, експертите истакнуваат дека обидот за создавање колективен имунитет е опасен начин да се придуши ширењето на вирусот.

„Заедничкиот имунитет преку природна инфекција не е стратегија. Тоа е знак дека владата не успеала да ја контролира заразата и тоа го платила со големи загуби на животи“, коментира за AFP Флориан Крамер, професор по микробиологија на универзитетската болница „Mount Sinai“ во Њујорк.

Други здравствени стручњаци, пак, предупредуваат дека „имунитетот на стадото“ може да биде краткотрајно.

Во Манаус досега од Covid-19 починале 2.462 луѓе. Доколку податок за смртноста би се однесувал како за држава, тоа би бил вториот највисок морталитет на светот со 100,7 смртни случаи на 100.000 жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.