„Манчестер Јунајтед“ најуспешен клуб според заработката од спонзори

Англискиот премиерлигаш „Манчестер Јунајтед“ заработува 269 милиони евра годишно од спонзорски договори, што го прави најуспешен фудбалски клуб, според овој економски показател.

Клубот од „Олд Трафорд“ има 68 комерцијални договори, а веднаш зад него е „Барселона“ која од 43 договори заработува 261 милион евра годишно и тоа се единствените два клуба со над 200 милиони профит, покажала анализата на CSM Sport & Entertainment.

 

На листата следат „Баерн“ Минхен со 180 милиони евра, „Реал“ Мадрид со 178 , „Челзи“ со 154 , „Манчестер Сити“ со 149, „Арсенал“ со 124, „Ливерпул“ со 117, ПСЖ  и „Јувентус“ по 101 милион евра.

Што се однесува до лигите, очекувано на првото место е англиската Премиер лига, чии клубови само од спонзорства имаат приход од 1,2 милијарди евра, па следи германската Бундеслига со „само“ 734,7 милиони евра, па шпанската Примера со 678,5 милиони и италијанската Серија А со 439.3 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.