Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ФА купот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Брајтон и Саутемптон изборија пласман во четвртиналето од англискиот ФА куп.

Манчестер Јунајтед на гостувањето го совлада Хадерсфилд со 2:0, а двата гола ги постигна белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, во 3 и 55 минута.

Брајтон енд Хаув Албион го избори местото во четфртфиналната рунда совладувајќи го Ковентри со 3:1. Домашните поведоа со 3:0 со головите на Јурген Локадија, во 15, Конор Голдсон во 34 и Леонардо во 61 минутам а гостите го ублажија поразот со голот на Џонсон Кларк-Харис.

Најнеизвесно беше на „Хејторнс“ каде Саутемптон го победи Вест Бромвич Албион со 2:1. Гостете поведоа во 11 минута преку Весли Хоед а водството го удвои во 56 минута,Душан Тадиќ, додека Салоон Рондон во 58 минута ја врати неизвесноста. Во последните половина час игра ВБА имаше неколку зрели шанси за израмнување, но не успеа да избори реми.

Шефилд Веднсдеј и на „Хилсборо“ одигра без голови со Свонси Сити.