Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед одиграа без голови

Дуелот на градските ривали од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед синоќа заврши без голови и без победник 0:0. Ова беше натпревар од 26.коло, кој беше одложен поради настапите на екипите во ФА купот.

Двата тима освоија по еден бод, а од нерешениот резултат најмногу корист имаат нивните конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите: Ливерпул и Арсенал.

Дуелот го одбележа и играчот на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини, кој во две минути прво доби жолт картон (83.минута), а потоа и црвен картон со што беше исклучен во 84.минута. „Граѓаните“ беа поблиску до победата, а во судиското надополнување на вториот дел Габриел Жезус постигна гол, кој поради офсајд беше поништен.

Табела: Челзи 78 бодови (33 натпревари), Тотенхем 74 (33), Ливерпул 66 (34), Манчестер Сити 65 (33), Манчестер Јунајтед 64 (33), Арсенал 60 (32), Евертон 58 (34).