Манчестер Сити се врати на плус осум

Во средбата од 13-то коло на англиското фудбалска првенство Манчестер Сити на гостувањето го совлада Хадерсфилд Таун со 2:1 и повторно има осум бодови повее од најблискиот градски ривал Јунајтед.

По првото полувреме Манчестер Сити губеше, но во продолжението од натпреварот направи пресврт остварувајќи ја единаесеттата последователна победа во првенството на Англија.

Хадерсфилд Таун поведе во последните моменти од првото полувреме со автоголот на Николас Отаменди по нафрлување од корнер. Изедначи Серхио Агуеро од пенал во 47 минута, а победата на Сити му ја донесе со многу среќа Рахим Стерлинг во 84 минута.

Гостинска победа оствари и Арсенал кој со голот на Алексис Санчез во втората минута од судиското продолжување на натпреварот од пенал го совлада Барнли.

Во првиот неделен меч Саутемптон го совлада Евертон со 4:1. Гостите од Ливерпул добро се држеа во првото полувреме кое заврши 1:1, но во продолжението од дуелот повторно следуваше пад на Еврертон. Домашните поведоа во 18 минута со голот на Дупан Тадиќ, а изедначи во 44 минута со прекрасен гол Гилфи Сигурдсон. Саутемптон повторно дојде во водство во 52 минута со голот на Чарлс Остин, а истиот играч шест минути подоцна зголеми на 3:1, додека победата на домашните ја потврди Стивен Дејвис во 87 минута.

По комплетното коло, Манчестер Сити води на табелата со 37 бодови, осум повеќе од Манчестер Јунајтед, додека на трето место е Челзи со 26 бодови.