Манчестер Сити во финалето на ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити изборија во саботата пласман во финалето од најстарото фудбалско натпреварување на светот, откако во полудиналниот дуел одигран на лондонски „Вембли“ го победија Брајтон енд Хоув Албион со 1:0.

Решавачкиот погодок против тимот кој се бори за опстанок во Премиер лигата, за актиелниот шампион и моментално второпласитеран тим го постигна уште во 4 минута Габриел Жезуз на додавање на Кевин де Брујне.

За Манчестер Сити ова ќе биде 11-то финале во ФА Купот, а досега го освојувале пет пати. Последниот пат во 2011 година кога во финалето го победина Стоук Сити со 1:0. Брајтон едн Хоув Албион досега само еднаш играл во финалето на овој куп, и тоа во 1983 година кога беше поразен од Манчестер Јунејтед.

Во второто полуфинале во недела играат Вотфорд и Вулверхемптон.