Манчев: Безобразно е СДСМ да критикува за ТЕЦ Осломеј, кога во нивно време термоелектрана беше оставена без грам јаглен

Митко Андреевски е човекот чие врвно достигнување во професионалната кариера е по налог на неговиот претпоставен да врти од службениот телефон и да го фалсификува и манипулира мислењето на граѓаните, како што тоа го правеше во емисијата Чуму. Еве вакви ликови СДСМ ни ги продава како енергетски експерти, изјави на прес конференција  Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Митко Андреевски најдобро го отсликува менталитетот на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ. Непрофесионалност, алчност за личен профит, демагогија и манипулација на граѓаните. Митко Андреевски е човекот кој има фирма со еден вработен, фирма која нема никаков имот или средства за работа, фирма која е регистрирана на адреса на семејната куќа на родителите на неговата сопруга, но сепак редовно ги добива тендерите за снабдување со гас на Струмица.

Ова за СДСМ е поим за транспарентност во работата или како што тие си го нарекуваат „бомбона бизнис“.

Сега истите овие самопрогласени експерти од СДСМ манипулираат и обвинуваат за нетранспарентност при процесот на набавка на електрична енергија, во услови кога ЕЛЕМ на дневно ниво ги информира граѓаните за преземените активности.

Затоа неуките експерти на СДСМ тотално промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека, според цената на мазутот, таквата струја, произведена на мазут, би била многу поскапа од увезената која е купена на берза.

Безобразно е СДСМ да критикува за ТЕЦ Осломеј, кога токму во нивно време, оваа термоелектрана беше оставена без грам јаглен и без било каква можност за ископ на потребните ресурси.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи за подобрување на енергетската слика на Република Македонија, така и ќе продолжи и во иднина со реализирање на бројните мерки и проекти предвидени со досега најобемната програма РЕАЛНО.