Манчевски: Ако нема датум за преговори, нема повисоки плати за администрацијата

Доколку државава не испорача резултати за да добие датум за преговори со Европската Унија во јуни, а со оглед на тоа дека клучен дел во интеграцијата се реформите во администрацијата.

Доколку државава не испорача резултати за да добие датум за преговори со Европската Унија во јуни, а со оглед на тоа дека клучен дел во интеграцијата се реформите во администрацијата,  ќе се ревидира одлуката за покачување на платата во септември, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој, по презентацијата на буџетот на министерството за 2019 година, одговарајќи на новинарски прашања рече дека вработувањето во администрацијата на висококвалификуваните стручи кадри веќе воопшто не е атрактивно поради што, тие со нешто мора да се привлечат. Квалитетна администрација, додаде Манчески, не е потребна само за спроведување на скрининзите за ЕУ и НАТО, туку и за граѓаните да добиваат квалитетни услуги.

Да, ќе ја зголемиме плататата, верувам во зголемување на плати  и ова е до механизмите и за зголемување на просечната плата, ама бараме и резултати, и тие се видливи. Еве го јуни ќе имаме оценка од страна ан ЕК дали сме направиле добар напредок во делот на реформа на администрацијата или не. Тоа е заедничка оценка на целата администрација и следствено на тоа ќе си има награда или некои други процеси,  изјави Манчевски.

Министерот Манчевски рече дека прерано е да се зборува колку од вработените во јавната администрација ќе бидат понудени на приватниот сектор. Тој потенцираше дека овој процес ќе се спроведе  на крајот од 2019 откако ќе заврши хоризонталната функционална анализа која во моментов е во тек. Првиот резултат од оваа анализа ќе биде реорганизацијата и опитимизацијата на инстиуциите, односно кои од нив се вишок и кои ќе се спојат, рече Манчевски. Во процесот кој ќе биде транспарантен ќе бидат вклучени и стопанските комори и синдикатите.

Во Буџетот на министерството за следната година не се предидени пари за рамковни вработуавања, но правичната застапеност ќе се земе во предвид.  Додека вкупниот Буџет ќе изнесува 1.554.840.000 денари и бележи мал пораст со буџетот од минатата година. Најголемиот дел од овие пари, односно 77 отсто ќе бидат наменети за финансирање на МРТВ, МРД и АВМУ.