Манчестер Ј. се насади на Баерн (М)

126

Пред неколку минути заврши дрепката за 1/4 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Актуелниот бранител на тронот, германскиот гигант Баерн (М) за противник го доби актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед.
Реал (М) доби шанса да и се реваншира на Борусија од Дортмунд за минатогодинашната елиминација во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, голема борба и неизвесност се очекува на двата дуела помеѓу екипите на ПСЖ и Челзи.
Фудбалскиот свет доби шанса да ужива и во шпанскиот дуел помеѓу екипите на Барселона и Атлетико (М).
Првите натпревари се играа на 1 и 2 април, а реванш дуелите се закажани за 7 и 8 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.