Манчестер Сити избегна бламажа во ФА Купот

Фудбалерите на англискиот четвртолигаш Челтнем Таун беа на чекор до сезнација во четвртото коло на ФА Купот, откако имаа водство против Манчестер Сити до десет минути пред крајот на мечот, но во завршницата сепак до израз дојде разликата во квалитетот и искуството.

Четвртолигашот поведе во 59 минута со голот Алфи Меј, кој најдобро се снајде во мешаницата во казнетиот простор на гостинскиот премиерлигаш. Овој резултат беше активен сѐ до 81 минута кога Фил Фоден искористи нафрлување на Кансело за израмнување на 1:1, три минути подоцна Габриел Жезус направи целосен пресврт на резултатот, а Ферен Торес во четвртата минута од судиското продолжение ја потврди победата на Сити.

Претходно во саботата Саутемптон на својот „Сент Мерис“ стадион со 1:0 го елиминираше бранителот на тутулата Арсенал кој е и рекордер со 14 трофеи во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Во преостанатите средби играни во саботата прволигашите не дозволија изненадувања. Брајтон го совлада Блекпул со 2:1, Шефилд Јунајтед беше подобар од Плимут Ејргрил со 2:1, додека Вест Хем Јунајтед до надигра Донкатсер Роверс со 4:0.

Покрај нив, во следното коло минаа и Барнло кој со 1:0 го совлада Норич Сити, Бристол сити како гостин беше подобар од Милвол со 3:0, а Свонси Сити беше убедлив против Нотигем Форес со 5:1.