Манчестер Сити третпат во низа победник на англискиот Лига куп

 

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија по седми пат, или третпат со ред, англискиот Лига куп, победувајќи ја во неделата на „Вембли“ Астон Вила со 2:1.

Манчестерските „Граѓани“ поведоа во 20 минута со голот на Серхио Агуеро, а водството го удвои Родри Ернандес десет минути подоцна. Надежите на Астон Вила ги врати Мбвана Самата во 41 минута. Играчите од Бирмингем немаа многу шанси да се вратат целосно во мечот, дури во последните минути, Бјорн Енгелс ја затресе гредата.

Сити како бранител на титулата го играше своето осмо финале а во досегашните само еднаш беше поразен, во 1974 година, од Вулверхемтон. Европскиот шампион од 1982 година, Астон Вила, последниот пат го освои англискиот Лига куп во 1996в година, што воедно е и последниот трофеј за овој клуб. Последен пат во финалето на ова натпреварување Вила играше точно пред 10 години, кога беше победена од Манчестер Јунајтед.

Ова е петти трофеј за Сити на турнирот во последните седум години, а уште поимпресивно е постигнувањето на Пеп Гвардиола, кој го освои своето 21-во финале од 25-те во кои ги водел своите тимови

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.