Манчестер Јунајтед го елиминираше Вест Хем од ФА купот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во четврфтиналето на англискиот ФА куп, откако во осминафиналето во вторникот вечерта на својот „Олд Трафорд“ го совлада Вест Хем Јунајтед по продолженијата на 1:0.

По регулаторните 90 минута немаша погодооци, па мораа да имаат дополнителни 30 минути во кои домашните сепак успеаја да најдат сили за победа. Во 97 минута мрежата на гостите ја погоди Скот Мектоинеј кон натрча на интелигентоно препуштената топка од Маркус Рашфорд.

Претходно во вторникот пласман во четврфиналето избори и второлигашто Борнмут, кој како гостин го совлада Барнил со 2:0. Стрелци неа Сем Сариџ во 21 минута и Жиниор Станислас во 88 минута од пенал.

Во среда на програмата се средбите Свонси Сити – Манчестер Сити, Лестер Сити – Брајтон едн Хоув Албион, Шефилд Јунајтед – Бристол Сити и Евертон – Тотнехем, додека во четвртокот ќе играат Вулверхемтон – Саутемптон и Барнли – Челзи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.