Манчестер Јунајтед стигна и до четвртата победа по ред откако на свој терен го совлада Арсенал со 3:1. „Топчиите“ дојдоа на „Олд Трафорд“ со скор од пет од пет, но се сопнаа во Манчестер.
Додуша којзнае каков ќе беше резултатот доколку судијата не го поништеше голот на Мартинели. Фудбалерот на Арсенал погоди во 12 минута, но реагираше ВАР. Судијата одите да погледне снимка и го поништи голот затоа што претходно имало прекршок.
The Sky Sports panel’s verdict on Gabriel Martinelli’s disallowed goal
Roy Keane “Soft”
Paul Merson “Very lucky”
Jimmy-Floyd Hasselbaink “Ridiculous” pic.twitter.com/p4Zp8qIIQN
— ARSENAL (@tomgunner14) September 4, 2022
Попусто реакциите на „топчиите“ кога судијата остана на своето и го поништи голот. Набргу потоа „Ѓаволите“ дојдоа во предност. Прв погодок за Антони кој пред неколку денови дојде од Ајакс за неверојатни 100 милиони евра.
Во 60. минута Арсенал изедначи со голот на Сака, но шест минути подоцна Јунајтед одново дојде во водство со голот на Маркус Рашфорд. Истиот играч во финишот ги постави конечните 3:1.