Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе се соочат во ФА Купот

372

Манчестер јунајтед ќе го пречека Ливерпул во шеснаесетфиналето во англискиот ФА Куп, одлучи жребот во понеделникот, а двете екипи ќе се сретнат и на 17-ти јануари во рамките на 19-то коло на Премиерл лигата.

Манчестер Јунајтед не го победил Ливерпул од март 2018 година.

Натпреварите од четвртото коло до купот ќе се одиграт од 22-ри до 25-ти јануари.

Актуалниот победник во ФА Купот, Арсенал кој и има најмногу триумфи во ова натпреварување, ќе игра против понедникот од дуелот меѓу Шрусбери и Саутемтон, додека Челзи ќе го пречека Лутон.

Донкастер ќе се сретне, пак, со победникот од дуелот меѓу Стокпорт – Вест Хем.

Манчестер Сити патува кај четвртлигашот Челтнем Таун, додека Тотенјем ќе гостува кај второлигашот Викомб Вандерерс.

Другите двојки ги сочунуваат Фулам – Барнли, Милвол – Брстол Сити, аматерите на Чорли кои го елиминираа Дерби Каунти, дома ќе игра против Вулверхемтон. Лестер ќе гостува кај Бренфорд, Крули на гости на Борнмут, а Евертон со Шефилд Вендсдеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.