Манчестер Јунајтед прв полуфуналист во ФА Купот

223
EPA-EFE/Cath Ivill/NMC/Pool EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се првите полуфиналисти во англискиот ФА Куп откако славеа кај Норич со 2:1 по продолженијата.

Решавачкиот погодок за пласман меѓу четирите најдобри екипи во најстарото фудбалско натпреварување во светот, го постигна бекот Хари Мегваер во 118 минута. Манчестер Јунајтед подоста се намачи кај Норич, кој е последен во Премиер лигата, но на својот празен стадион во регуларниот дел беше поблиску до победата.

„Црвените ѓаволи“ поведе преки Нигериецот Одион Игало во 51 минута, а во 74 минута за домашните израмни Тод Кантвел. Се чини решавачкиот момент се случи во 89 минута, кога домашниот бек Тим Клозе доби црвен картон, па Норич со играч помалку не можеше во продолженијата да му даде отпор на славниот противник.

За Манчестер Јунајтед ова е јубилејно 30-то полуфинале во историјата што е рекордна бројка во ова натпреварување.

Во другите четвртфиналните мечеви во недела се среќаваат Шефилд Јунајтед – Арсенал, Лестр Сити – Челзи и Њукалс Јунајтед – Манчестер Сити.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 18-ти и 19-ти јули, а финалната средба е закажана на 1-ви август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.