21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Манчев: Босилово почна да наликува на модерна и чиста општина

Голема е честа, но уште поголема е одговорноста да се извршува функцијата Градоначалник на општина Босилово. Одговорноста е голема затоа што потребите, барањата и очекувањата на граѓаните се големи, а нашите реални можности се ограничени. Но, тоа не не демотивира, напротив, дополнително не мотивира да го вложиме целиот свој капацитет, целото свое знаење и заедно со граѓаните да изградиме модерна и економски развиена општина Босилово, истакна Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово при своето обраќање на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Манчев додаде дека во изминативе 100 дена заедно со својот тим успеале да реализираат 6 поголеми и поголем број на помали проекти, два проекти се во фаза на изградба, а за два е потпишан договор и се очекува нивна реализација во наредниот период.

„Конкретно, во изминатите 100 дена во општина Босиловосе реализираа следниве 6 поголеми проекти:

• Изградба – асфалтирање на улица во населено место Дрвош во должина од 560 метри;

• Изградба – асфалтирање на улица, со потпорен ѕид, во населено место Моноспитово, во должина од 650 метри и ширина на коловозот од 4 метри;

• Изградба на бунар со пумпна станица, за водоснабдување на населено место Дрвош;

• Изградба на пропуст во Иловица во должина од 30 метри;

• Чистење на најмалку десетина диви депонии за отпад на територијата на општина Босилово;

• Чистење на одводен канал во Босилово и санирање на дел од критичните точки на река Струмица“, појасни Манчев.

Манчев посочи дека во изминатите 100 дена, општина Босилово започна со изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Моноспитово и во Робово. Изградбата на двете повеќенаменски игралишта се очекува во најбрзо време да биде завршена.

„Покрај наведеното, можам да кажам дека во општина Босилово во изминатите 100 дена се реализираа поголем број на помали, но секако важни проекти за граѓаните на општина Босилово, а тоа се:

– Тампонирање на улици и локални патишта во повеќе населени места;

– Изградба на септичка јама и одводна мрежа во градинката во Босилово, партерно уредување на дворот и секако обезбедување на дополнителна опрема и инвентар во градинката;

– Опремување и уредување на кабинети по природни науки во основното училиште „Кирил и Методиј“ – Иловица;

– Реновирање на простории за пензионерите во Турново;

– и многу други помали проекти“, рече Манчев.

Манчев укажа дека во изминатите 100 дена, се започна и со реорганизација на локалното комунално претпријатие, каде има значително подобрување на јавната чистота, осветлувањето, замена и одржување на урбаната опрема, одржување на сообраќајната инфраструктура, итн. Иако комуналното претпријатие се затекна во една потешка финансиска состојба, со големи обврски и неисплатени плати, Манчев може да каже дека и во комуналното претпријатие има тренд на подобрување на состојбите, но секако чесно е да се каже дека состојбата во комуналното претпријатие сеуште е многу тешка.

„Како градоначалник на општина Босилово, улогата на локалната самоуправа, не ја гледам само во изградба на инфраструктурата. Локалната самоуправа треба да учествува во процесот на градење на општествени вредности и ова е многу важно за развојот на нашите општини. Затоа во изминатите 100 дена општина Босилово беше партнер и поддржувач во организација на голем број на јавни настани и манифестации:

– Акција за пошумување;

– Крводарителска акција;

– Хуманитарна акција за помош на ранливи групи;

– Кампања за безбедност во сообраќајот;

– Турнир во мал фудбал;

– Проекција на филмови;

и други настани и манифестации, истакна Манчев.

Манчев на регионалниот отчет посочи дека 100 дена од новата локална самоуправа поминаа. Во наредниот период се продолжува со работа, труд и посветеност. Во овие 100 дена, веќе се направија првите чекор, се продолжува понатака. Чесно, транспарентно, домакински и одговорно.