Манчевски: Датум за избори со консензус, но разговорите не може да траат предолго

Како што вели тој, ако вонредната состојба, којашто завршува на 30 мај, не биде продолжена, државата би можело да се соочи со безвластие.

„Можеме да се договараме за датум за избори до одреден временски период, но ако траат несогледливо долго, со месеци, а не се продолжи вонредната состојба, ние ќе се соочиме со безвластие во државата. Немаме Собрание, ќе има влада која ќе нема да може да носи никакви одлуки со важност на Уредби“, рече Манчевски.