Манчевски не знае што сѐ се потпишува во рамки на неговото министерство

Очигледно, министерот Damjan Manchevski не знае што се се потпишува во рамки на неговото министерство и какви документи се праќаат до институциите. Само да го потсетам дека дописот издаден од МИОА и пратен до општина Ресен вели „мислењето дадено за планот за вработување за 2019 е НЕВАЛИДНО“… Кој е сега во право и дали Министерот како поранешен пратеник знае што е невалидно???, порача дополнителната министерка за информатичко општество и јавна администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

Оваа реакција доаѓа откако јавно ја прозва техничкиот министер за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.