Манчини ќе ги соедини Миранда и Филипе Луис

По неуспешната сезона во која клубот ќе остане без европски фудбал, Интер засилено работи на зајакнување на тимот.

Откако речиси е договорен трансферот на Миранда од Атлетико Мадрид, раководството на “нероаѕурите” ќе се обиде да го ангажира Филипе Луис од Челзи.

Луис честопати беше “жртва” на ротацијата на Мурињо, па бразилецот не е најзадоволен со минутажата која ја добива во Лондон. Причина плус што Манчини го одбра токму него како аквизиција по левата страна е што Луис во Атлетико настапуваше токму со Миранда, па тоа би било дополнителна сигурност во одбранта на Интер.

Според италијанските медиуми, сумата која Интер би ја платил за левоногиот фудбалер ќе изнесува нешто над 10 милиони евра.