Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо

Екипата на Зенит ја постигнаа четвртата победа во Групата Л од Лига Европа откако во четвртокот вечерта на домашен терен во рамките на петтото коло го победи македонскиот првак Вардар со 2:1.

Италијанскиот тренер на клупата на рускиот тим, Роберто Манчини. по мечот искажа пофалби за своите играчи, но и упати и честитки за играта на Вардар на овој  дуелот.

„Настапивме со комбиниран тим, но најважно е дека постигнавме победа. Бевме подобри во првиот дел кога постигнавме два гола и практично го решивме натпреварот. Вардар во вториот дел играше допадливо. Ние не реализиравме неколку шанси и не погодивме од пенал“, изјави Манчини.

Во последното коло Зенит гостува кај Реал Сосиедад. Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, со тоа што Зенит има бод повеќе и нерешен резултат ќе им овозможи прво место.