Мандалиниќ: Еурофарм Пелистер ми даде подобра понуда од Мешков Брест

Во редовите на македонскиот ракоемтен вицешампион Еурофарм Пелистер во наредната сезона ќе има неколку хрватски интернационалци, а згора на се тимот од клупата ќе го води поранешниот селектор на хрватската ракометна репрезентација Жељко Бабиќ.

Меѓутоа најзвучно име во редовите на тимот од битола е хрваскиот интернациналец Стипе Мандалиниќ (27), кој игра на позицијата лев бек и кој за хрватските медиуми ја откри вистинската причина зашто одлучил да се пресели во Битола, откако Фуксе Берлин му го раскина договорот.

„Вистина е дека Белорусите, поточно челниците на Мешков Брест ми испратија добра понуда, но потоа се јави Пелистер со уште подобра. Не се мислев многу, сепак е Битола многу поблиску од Брест. Мило ми е што ќе играм СЕХА лига, па често ќе патувам за Хрватска. Не е тајна дека една од причините што се одлучив за Еурофарм Пелистер е тоа дека тренер е Жељко Бабиќ, кој ме внесе во репрезентацијата“, истакан Мандалиниќ.

Тој во репрезентацијата на коцкестите е од 2013 година, кога дебитираше на СП во Шпанијаи веднаш освои бронзен медал. Последен прат на големите натпреварувања за Хрватска играше на ЕП 2018 на домашен терен, а негова желба е битолскиот тим да добие вајлд – карта за настап во Лигата на шампионите наредната година.

„Би било навистина многу добро Пелистер да добие покана за настап во Лигата на шампионите. Ако не добие, тогаш ќе играме во силната Европска лига. Ќе биде многу интересно и во СЕХА лига, но и во првенството на Македонија, каде за титулата ќе се бориме со силниот Вардар, но и со Металург. Со нетрпение ги чекам првите натпревари, а слушнав и дека во Битола салта секогаш е полна“, заврши Мандалиниќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.