Мандатарот најави: Почетокот на школската година на први октомври

Лидерот на СДСМ и мандатарот на новата влада, Зоран Заев на новинарско прашање за стартот на учебната година рече дека ќе има законски измени и дека ќе почне од 1 октомври.

„Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите. Ова го кажувам за да знаат граѓаните дека имаме комплетен план со анализи за образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје. Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври“, рече Заев.