Манџукиќ ја урна Фиорентина

Актуелниот италијански шампион Јувентус ја забележа и петтата победа во првенството откако во Торино ја совлада Фиорентина со 1:0.

Решавачкиот гол го постигна хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ во 52 минута. Ова е втор негов гол сезонава, откако беше стрелец и во првото коло против Калјари. Манџукуќ постигна убав гол, откако Квадрадо уфрли од крилна позиција.

Во главната улога на овој меч беше уште еден хрватски интернационалец, Милан Бадељ, но поради тоа што исклучен. На Бадељ му беше покажан патот кон соблекувалната во 66 минута, откако заработи втор жолт картон поради прекршок на Матуиди. Судијата Даниеле Довери прво покажа на белата точка, но по видео анализата ја смени одлуката, но сепак Хрватот беше исклучен. Фиорентина со играч помалку беше блиски до изедначување, но не успеа во намерите.

Петта победа оствари и Наполи кој во Рим високо го порази Лацио со 4:1.

Домашните поведоа со голот на Стефан де Вриј во 29 минута, но Наполи во продолжението направи целосен пресврт со головите на Калиду Кулабали во 54-та, Хозе Каљехон во 56-та, Дри Мартенс во 59-та и Жоргињо од пенал во втората минута од судиското продолжување.

Милан на својот „Сан Сиро“ го совлада СПАЛ со 2:0, со головите од казнени удари. Првиот го избори Никола Калиниќ во 26 минута, а го реализираше Рикардо Родригез, додека вториот го претвори во сигурно водство Франк Каси во 61 минута.

Рома Рутински го мина гостувањето на последнопалсираниот Беневенто поведувајќи с 4:0. Два гола постигна Един Џеко, во 22 и 52 минута, а гостите постигнаа уште два автогола, и тоа Фабио Лучиони во 3 и Лоренцо Венути 74 минута.

Џенова пред своите навивачи одигра 1:1 со Киево. Домаќините поведоа преки Лаксалат во 62 минута, а изедначи Хетемај во 73 минута.

Верона и Џенова одиграа без голови.

Удинезе дома беше поразен од Торино со 2:3. Гостите дојдоа во водство преку Белоти во 9 минута, а го зголемија водството преку автоголот на Халифредсон во 30 минута, по што во 48 минута од пенал домашните намалија преку Де Пол. Два гола предност Торино имаше по 67 минута кога прецизен беше Љајиќ, а Ласања во 75 минута се погрижи за неизвесна завршница.

Аталанта со 5:1 го победи Кротоне. Петања постигна гол во 5 минута, Кладара во 23, Иличич во 38 а Гомез во 63 и 74 минута од пенал за домашните, а стрелец за гостите беше Туминело во 70 минута.

Сасуаоло со голот на Матри во 60 минута од пенал на гости славеше против Каљари.

На врвот на табелата се Наполи и Јувентус со по максималните 15 бодови, а следат миланските клубови Интер и Милан со 13 односно 12 бодови. Беневенто е последен без ниеден освоен бод и со гол разлика 1:14.