Манџукиќ да се соочи со фактот дека Левандовски му е конкуренција

Спортскиот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Матиас Замер, му порача на хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ, што е можно побрзо да се соочи со фактот дека во следната сезона, полскиот интернационалец, Роберт Левандовски ќе му биде конкуренција во напаѓачката линија.

„Марио и понатаму е од голема важност за Баерн (М). Сепак, тој мора под итно да се соочи со фактот дека Левандовски ќе му биде голема конкуренција кога е во прашање нападот. Баерн (М) не може да биде задоволен со тоа што го има на располагање, не смееме да бидеме релаксирани и презадоволни од моменталнот избор на фудбалери. Не смееме да дозволиме некаков паничен шопинг, да дојдеме во ситуација да купиме се и сешто, да купиме фудбалери со сомнителен квалитет. Ние имаме стабилна трансфер политика и не гледам ништо лошо во тоа што купуваме фудбалери од Германија”, изјави Замер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.